Од Центарот за јавно здравје на Кочани кој ги покрива и општините Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово информираат дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип е голем.
Директорот на Центарот за јавно здравје – Кочани, Маградела Манасиева истакна дека за Кочани биле обезбедени 900, за општините Делчево и Македонска Каменица 500, Виница 450, Берово 350 и за Пехчево 200 вакцини.
– За само три дена се потрошени над 1.300 вакцини што е половина од набавените, истакнува Манасиева.
Во Кочанскиот центар за јавно здравје се потрошени 500 вакцини, во Делчево 325, во Виница 340, во Берово 100 и во Пехчево 40 вакцини.
Вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се прима доброволно. Вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари, како и минатите години

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист