БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наше интервју со Александар Китански- Градоначалник на општина Пехчево: „Градиме чекор по чекор, со љубов и посветеност“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пехчево е најмалата општина по број на жители во Македонија која се наоѓа на крајниот исток од државата со границата со Бугарија. Сместена во прегратките на планината Кадиица Пехчево претставува неоткриен бисер за сите љубители на природните убавини кои на ова поднебје обдарено од Бога ги има во изобилство.

Како градоначалник на општина Пехчево Александар Китански беше избран во 2021 година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ по што покажа забележителни резултати во неговата работа во изминатиот 4 годишен мандат. Неговата животна преокупација како ветеринарен лекар го прави постојано достапен и во комуникација со жителите не само во Пехчево туку и пошироко во ветеринарната фела.

Александар Китански доаѓа од семејство со длабока традиција на борци за Македонска самобитност, што дополнително го прави неговиот карактер и личност интересна за пошироката публика, а особено за редакцијата на нашиот интернет портал, која што ги негува и афирмира ваквите вредности во рамки на своите програмски определби.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Актуелниот градоначалник на Општина Пехчево, кој на претстојните локални избори на 19 октомври повторно ќе се бори за довербата на граѓаните како кандидат на ВМРО–ДПМНЕ, во интервју за Брегалнички Портал зборува за своите изминати четири години на чело на општината, идните приоритети, предизвиците, но и личните аспекти од функцијата.

Ова наше интервју чиј што текст го пренесуваме во продолжение, го договараме подолго време, по што сега има можност да биде пренесено во јавноста.

Наше интервју со актуелниот градоначалник на Пехчево и кандидат за втор мандат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се гради чекор по чекор, со љубов и посветеност“

  1. Брегалнички Портал: Колку градоначалничката работа знае да биде исцрпувачка? Како улогата на “општински татко” се рефлектира и одразува во Вашиот приватен живот? Колку и на кој начин семејството и блиските “страдаат” поради Вашите обврски?

🏛️ „Да се биде градоначалник е огромна чест, но и огромна одговорност“

„Граѓаните очекуваат решавање на нивните проблеми во најкраток можен рок, но задоволството е уште поголемо кога ќе го видиш нивното задоволство“,

-истакнува градоначалникот.

Тој признава дека функцијата има и лична цена:

Функцијата Градоначалник се одразува и рефлектира и врз мојот приватен живот, затоа што најголем дел од проблемите и обврските ги носам дома и многу пати јавниот интерес го ставам пред приватниот. Времето што треба да го поминам со моите најблиски кај мене е пополнето со состаноци и обврски на работа, но имам голема среќа што членовите на моето семејство тоа го разбираат и немам проблеми туку разбирање од нив.


🩺 Од ветеринар до градоначалник: „Љубовта кон професијата останува“

2. Брегалнички Портал: Дали имавте можност за евентуална ветеринарна пракса додека бевте Градоначалник на општина Пехчево во изминатите 4 години?  Дали се случило некој сограѓанин да Ве повика за совет или интервенција со своите домашни миленици? Како се однесуваат во таков случај граѓаните на кои Градоначалникот им дава совет или интервенира кај нивниот домашен миленик? На кој начин ветеринарните лекари може да ја усовршуваат својата пракса, особено во помали градови на париферијата во државата

Александар Китански: Да, јас по професија сум ветеринар, но во моментот функцијата Градоначалник и обврските не ми дозволуваат многу активно да делувам на мојата професија како ветеринарен доктор. Сепак сум имал доста случаеви кога сум им помагал на граѓаните за давање на совет или некоја интервенција со нивните домашни миленици.

Тоа е посилно од мене и секогаш кога   ќе бидам повикан, во рамки на моите можности ќе се потрудам колку што можам да помогнам.

Ветерината има значајна улога посебно во помалите места, како што е градот Пехчево, каде сите се познаваме и каде што сите си помагаме еден на друг колку што можеме,

-вели Китански во одговор на нашето прашање.


🐾 Решение за уличните животни преку меѓуопштинска соработка

3. Проблемот со уличните животни, според градоначалникот, бара системско решение:

Овој проблем, односно ова чувствително прашање не ја засега само општина Пехчево туку и многу други општини во Македонија и затоа е потребна меѓуопштинска соработка и координација од државата, за да се реши овој долгогодишен проблем. За овој проблем решението го гледам во воспоставување на програма за стерилизација, вакцинација и згрижување на уличните кучиња, но со помош и соработка со ветеринарни станици и здруженија.

-вели Александар Китански за Брегалнички портал.


4. Брегалнички Портал: Потекнувате од линија на горди и достоинствени Македонци во Вашето семејство. Како е чувството да се носи тој ген на силен Македонски идентитет и карактерни особености на борци за Македонска слобода и просперитет? Дали институциите но и граѓаните и општеството-воопшто денеска на локално и централно ниво посветува доволно внимание на негување и афирмација на Македонските национални вредности? Што може да се подобри во оваа сфера?

Александар Китански:Тоа што потекнувам од семејство на горди и достоинствени Македонци и имам ген на силен Македонски идентитет, ми дава со уште поголема сила и љубов да се борам за просперитетот на мојата општина и и да работам за иднината на нашите граѓани. Државните институции како и локалната самоуправа имаат должност да ја афирмираат и негуваат македонската култура, јазик и историја како и националните вредности, а особено кај младите генерации. Затоа јас како градоначалник посветувам внимание на манифестации, фестивали,  и други проекти и активности кои ја афирмираат и негуваат нашата традиција.


🏗️ Приоритети во вториот мандат

5.Брегалнички Портал: Ја добивте повторно довербата на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски за да се кандидирате за втор мандат за градоначалник на општина Пехчево. Како ја цените Вашата соработка со Централната Власт, со Владата и ресорните министерства? Колку е важна ваквата соработка да продолжи да се реализира непречено во наредните 4 години?

Соработката со Владата и ресорните министерства за Александар Китански се од клучно значење за мали општини како општина Пехчевој, изразувајќи благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за довербата.

Александар Китански: Огромна благодарност до Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицковски за повторно дадената доверба за втор мандат за Градоначалник на Општина Пехчево. Соработката со Владата и ресорните министерства се од клучно и огромно значење за една мала општина како што е нашата. Во изминативе четири години реализиравме огромен број на проекти со поддршка на централната власт, а верувам дека во мојот втор мандат оваа соработка и поддршка од централната власт ќе биде уште поголема. Со помош на Владата на Република Македонија и ресорните министерства, можеме да обезбедиме инвестиции, инфрастrуктурни проекти, а со тоа и подобар живот за граѓаните.

6. Во Предизборната програма на Александар Китански како кандидат за градоначалник на општина Пехчево се следните клучни проекти во новиот мандат:

  • Реконструкција на патот Пехчево – туристички локалитет „Равна Река“;
  • Изградба и реконструкција на станица за прочистување на питка вода;
  • Уредување на централното градско подрачје и кејот на Пехчевска река;
  • Инвестиции во инфраструктурата, образованието и младите;
  • Развој на туризмот и локалната економија.

🚗 Патишта, вода и канализација – основа за подобар живот

7. Брегалнички Портал: Каква е моменталната состојба со сообраќајната, водоводната и канализационата мрежа во градот Пехчево? Дали предвидувате ваков тип на проекти за реализација во наредните
години и набројте ни неколку од нив?

„Реализиравме неколку проекти за регулирање на сообраќајот и реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во Пехчево, но состојбата сеуште не е задоволителна. Во новиот мандат ќе поставиме нова сигнализација и ќе ги подобриме системите за водоснабдување и канализациј,“

-вели Китански и додава: Во селските населби голем дел од уличките веќе се реконструирани:

„Проектот Чифлик – Умлена е завршен, а се реализира и Умлена – Робово. Следуваат реконструкции на патот кон Црник и кон Равна Река.“


🌲 Туризмот како двигател на развојот

9. Брегалнички Портал: Општина Пехчево е позната по своите туристички потенцијали. Дали и на кој начиn предвидувате поддршка за развој на туризмот во Пехчево во наредните години?

Александар Китански: Пехчево изобилува со огромни туристички потенцiјали, природни убавини, култура, традиција. Во мојот нареден мандат ќе се посветам на уредување на туристичките локалитети, подобра промоција и изработка на промотивен матeријал, ќе ги поддржиме малите бизниси кои нудат сместување и угостителство, а се со цел туризмот да стане двигател на локалната економија.


💼 Локален економски развој и поддршка на бизнис секторот

10. Еден од главните фокус во програмата за наредниот 4 годишен мандат на Китански е локалниот економски развој:

„Општината треба да биде партнер и поддржувач на приватниот сектор. Работиме на олеснување на условите за инвестиции, поддршка на земјоделците и заеднички проекти со стопанските комори,“

-потенцира Китански во одговор на нашето прашање во врска со неговите политики за
Локален економски развој на Пехчево.


🧒 Младински политики и спорт

11. Во врска со политиките за подобрување на стандардот за младите во Пехчево Александар Китански има во својот “арсенал” повеќе афирмативни мерки и проекти со кои што упатува јасна порака кон помладите пехчевци:

Младите се иднината на секоја една општина, па и на Општина Пехчево, и затоа приоритет
за нив ќе бидат отворање на нови можности, вели Китански.

„Младите се иднината на Пехчево. Ќе поддржиме стартапи, пракси и обуки, како и соработка со Локалниот младински совет и реализација на нивни идеи и предлози.“

Во делот на спортот, тој најавува:

„Ќе ги поддржиме спортските клубови и ќе вложуваме во спортска инфраструктура за подобри услови за децата и младите.“


🌍 Регионална соработка и културен развој

12. Брегалнички Портал: На кој начин преку зголемена регионална соработка може Општина Пехчево да се развива во наредниот период? Дали Културата и туризмот може да бидат своевидна рамка за успешен
сеопшт развој на општина пехчево која е една од помалите општини во Македонија?

Александар Китански: Регионалната соработка е од огромно и клучно значење за малите општини како што е општина Пехчево. Заедно како регион со соседните општини ќе аплицираме на заеднички
проекти од областа на инфраструктурата, културата, туризмот кои се од регионално
значење, а имаат позитивно влијание на нашата општина. Преку регионална туристичка
понуда, Пехчево може да се најде на мапата на атрактивни дестинации, а тоа ќе значи
голем број на посетители – туристи, а сето тоа економски раст за општината.


🗳️ „Барам поддршка за уште еден мандат – довербата се гради со дела“

„Во изминатите четири години покажав дека со чесна работа и посветеност може да се направат реални промени. Барам поддршка за да ги довршам започнатите проекти и да ја изградиме посакуваната општина за сите граѓани.“


💬 Порака за крај: „Секој од нас може да придонесе“

„Иако Пехчево е мала општина, ние сме прекрасен дел од нашата татковина Македонија. Со заедничка визија и упорност можеме да изградиме посилна и поубава татковина и општина за сите идни генерации.“

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace