Ненад Стамболиски е млад и перспективен човек кој потекнува од Делчево.
Неговата способност и специјалност е уникатна од високопрофесионален аспект, што за многумина поединци од овие простори е само мисловна именка.
За време на студиите работи на развојни и иновативни технологии од областа на дизајнот и медиските визуелизации, за потоа тоа негово знаење да почне да го применува во националниот сервис во МТВ.
Но се чини ограничувањата кои беа присутни во онаа висококатница на кејот на Вардар во Скопје, не можеа да го скротат неговиот внатрешен порив за нови знаења и усовршувања. Како и многумина од неговата генерација, замина во странство каде повтрно почна да бележи успеси во својата работа.
Моментално М-р Ненад Стамболиски е активен на политички план во новата политичка партија ИНТЕГРА, и тоа во самото раководство на партијата како Претседател на подмладокот на ИНТЕГРА.
Во продолжение го пренесуваме неговиот говор од промотивната конвенција на партијата одржана во Скопје на деветти март оваа година.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист