БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Неспособност и неодговорност на ЕЛС Делчево предводена од Горан Трајковски создава опасност по животите на делчевчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опасноста од поплави при секој поголем дожд во Делчево за жителите на градот кои живеат и гравитираат на делови од Булевар Македонија на потегот од кај полициската станица до крстосницата со ул Индустриска се претворија во вечен кошмар со кој живеат овие граѓани секој ден.

И покрај постојаните поплави на домовите и семејните куќи на овие сограѓани, надлежните служби во ЕЛС Делчево предводени од Градоначалникот Горан Трајковски упорно молчат и ги вртат вниманието и погледите на друга страна, наместо да се соочат и да ги решат овие живото-загрозувачки проблеми за граѓаните.

Како интернет медиум кој што и покрај сите проблеми на притисоци и закани (гласни или преќутни), сепак имаме обврска за овие проблеми да алармираме јавно со цел за подигање на свесноста во јавноста за постоењето и последиците од истите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Генеза и Кратка Хронологија на проблемот од јавен интерес

Поплави на ова подрачје кое што се наоѓа во строгиот и најпрометниот дел од градот Делчево се случувале со години наназад.

Проблемот датира уште од трасирањето и изградбата на денешниот Булевар Македонија во Делчево кој што е дел од Магистралниот пат кон границата со Република Бугарија. При изградбата на овој булевар чија што нивелета е подигната повеќе метри над постојниот терен всушност е изградена своевидна земјана брана за атмосферските води кои се слеваат на југозападната страна над Милково Брдо. Во текот на изградбата на овој булевар истовремено е изграден и армирано бетонски пропуст под трупот на булеварот но не била изградена соодветна атмосферска канализација за одведување на атмосферските води од ова подрачје кон сливот на река Брегалница.

И до ден денес ова некомплетно решение создава проблеми кои што се од живото-загрозувачка природа за жителите кои имаат свои домови помеѓу улица Вера Јоциќ и Булевар Македонија. Дополнително кон овој проблем се надоврзува и трасирањето на улицата Вера Јоциќ која што исто така очигледно нема соодветно ефикасно решение за одведување на атмосферските води кои што се слеваат на нејзиниот коловоз.

Во последните 15-тина години забележани се неколку (повеќе од 3 пати) поплавувања на истакнатата делница од кои што најкатастрофална беше поплавата која се случи на 8 јуни 2023 година

Врз основа на претходното негативно искуство и потребата за изградба на соодветно решение на атмосферските води на ова сливно подрачје во центарот на Делчево за што како граѓанин и како главен и одговорен уредник на Брегалнички Портал имам реагирано јавно преку социјалните мрежи и мојот медиум на 1 август 2018 година со сл. реакција

Кон влошување на ситуацијата со атмосферските води на предметната локација негативно допринесе и рехабилитацијата на коловозот на Бул Македонија во 2019 година во рамки на кои што градежни активности НЕ БЕШЕ предвидено решение за одведување на атмосферските води.

Општина Делчево предводена од Градоначалникот Горан Трајковски реализираше ПРОЕКТ за одведување на атмосферски води на дел од населба Милково Брдо за чија што реализација градоначалникот се пофали на социјалните мрежи на 11 ноември 2020 година

На 8 јуни 2023 година и покрај трошењето на голем фонд на државни пари за реализација на проектот за одделување на фекалната од атмосферската вода на овој дел од Делчево, во претходните години, сепак се случи можеби најкатастрофалната поплава на овој терен што е резултат на несоодветното одведување на атмосферските води во рамки на претходно споменатиот реализиран проект.

Во месец декември 2023 година висока партиска и владина делегација на функционери на СДСМ предводени од Каја Шукова, Благој Бочварски и Љупчо Николовски ја пуштија во употреба рехабилитираната улица која пред тоа неколку месеци беше “изорана” од поплавниот бран.

Немаше ниту најава за истрага за причините на појавената штета која предизвика огромни последици врз безбедноста на граѓаните.

За комплексноста на проблемот свесен за потенцијалните лоши ефекти по безбедноста на граѓаните повторно пред околу една година сум реагирал јавно преку социјалните мрежи во обид за реафирмирањето на потребата за справување со овој проблем.

На 17 јули 2025 година повторно се случи поплавување на предметната делница по краткотрајниот дожд што повторно ги врати кошмарните слики од минатото

И ПОВТОРНО НАЈНАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ПЛАТЕНИ СО ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ПРЕДВОДЕНИ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ МОЛЧАТ

ДО КОГА?????

ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ БИДЕ ПОВИКАН НА ОДГОВОРНОСТ ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА СВЕСНА ОПАСНОСТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЖИВОТОТ И ИМОТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗАРАДИ НЕПОСТАПУВАЊЕ????

Сублимиран став и мислење за конечно решение на проблемот

Проблемот е комплексен и изискува комплексно решение кое навлегува во испреплетени ингеренции на повеќе државни институции во

-зона на детално урбанистичко планирање на поврзаност помеѓу неколку ДУП-ови пред се во сферата на заштита и спасување што е во надлежност на општинската администрација и градоначалникот на општина Делчево а

-за што е потребен стручен надзор и соработка со ЦУК,

-ДЗС,

-МВР,

-Министерство за транспорт.

Но главен одговорен и надлежен орган за решавање на овој проблем е Градоначалникот на општина Делчево и Советот на општината!!!

Градоначалникот заедно со Советот на Општина Делчево како избрани политички претставници на граѓаните во врвот на локалната власт е ДОЛЖЕН според закон и СТАТУТ на општина Длечево да се грижи за безбедноста на граѓаните од кои е избран и од чии пари зема плата!!!

Градоначалникот како највисок Извршен орган е тој- кој што низ соодветна институционална процедура МОРА да го констатира проблемот со неговата суштинска природа кој што е повеќе од евидентен, да направи суштинска и сеопфатна анализа за сите релевантни фактори за влијание на овој проблем и што е најважно да понуди брзо, ефикасно и функционално решение со што ќе ги заштити животите на делчевчани и нивните имоти.

За своето непостапување во контекст на овој и слични проблеми градоначалникот сноси политичка одговорност на избори, но и поради свесноста за проблемот кој што се повторува повеќе пати на јавна сцена пред очиглед на сите и негово несоодветно постапување во рамки на претходно реализираните проекти, треба да се разгледа можноста и за поинаква одговорност од страна на надлежни институции.

Креирано од:


Пренеси го гласот