БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Редок културен настан за промоција на блуз-рок албумот “Searching for the blues” на Дарко Тасевски во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчера вечер (18.07.2025 година) во Кафе барот “Валиум” во Делчево беше промовиран новиот албум “Searching for the blues” на гитаристот и музички автор Дарко Тасевски од Делчево.

На слушачката промоција на која присуствуваа поголем број на вљубеници во блуз-рок музиката беа презентирани 12 нумери од албумот кој што во себе носи доволно блуз призвук за да биде наречен блуз албум но и доволно креативни и музички решенија за да биде наречен прогресив-рок албум.

На почетокот на настанот се обрати Кирчо Анастасов кој што долго години ја следи, поддржува и афирмира работата на Дарко Тасевски на полето на музичкото творештво.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Потоа пред гостите на настанот се обрати и авторот Дарко Тасевски кој се заблагодари на сите поддржувачи кои допринесоа за реализацијата на ова негово ново музичко чедо.

Почетокот на настанот е даден во видео записот во продолжение по што следуваше 45 минутната презентација на сите песни од албумот за кој што се изработени и три видео записи за чија што реализација беше задолжен Никола Витановски- Кољо.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace