БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Невладината “КХАМ” организираше Ифтарска вечера во Виница и Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод верскиот празник Рамазан пред празникот Бајрам граѓанската организација НВО “КХАМ” Делчево реализираше повеќе свои активности.

Во продолжение го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од оваа невладина организација преку нивната официјална страна на фејсбук:

Се наоѓаме во месец на Рамазан, исламски свет месец на пост, а пред празникот Бајрам.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По тој повод, НВО „КХАМ“ Делчево организираше Ифтарска вечерa во Делчево која се одржа на ден 30.05.2019 год. во Џамија Султан Фатих Мехмед II во Делчево, а присуствуваше и на Ифтарска вечера во Виница на ден 01.06.2019 која се одржа во Сефер Баба џамија.

На ифтарската вечер во Делчево и Виница присуствуваа и претставници на здравствените домови од овие два града. Преку информација за значењето на Рамазанскиот пост и празникот Бајрам имавме за цел да ја доближиме културата на живеење и обичаите кај Ромите до здравствените професионалци.

Организирањето и одржувањето на Ифтарската вечер е дел од активностите по проектот„Менување на наративи за пациенти Роми“ поддржан од Фондација отворено Општество Македонија.

Фото извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace