БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Никола Груевски: Нема откажување. Целите остануваат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По објавувањето на подолгиот став изнесен во 14 точки за актуелните политички состојби со фокус на решавањето на Македонското прашање во интерес на Македонскиот народ, поранешниот Премиер на Владата на Република Македонија, Никола Груевски излезе со сублимиран статус со кој што ги заокружува тезите на неговите две претходни обраќања:

Нема откажување. Само промена на парадигмата. И нова доктрина за доаѓање до целта!

Премногу крв е пролеано, премногу жртви се дадени во минатото, за така лесно македонскиот народ и граѓаните на Македонија се предадат и откажат од она кое на сила ни е одземено во овој период, да ги прифатат неправдите како реалност или направената штета како непоправлива. Тешко е, но нашата борба за македонскат кауза треба да продолжи. Немаме друг избор, ниту резервна држава ниту пак право да заборавиме дека до оваа слобода и држава со многу крв и жртви е дојдено. Нам ни е оставен полесниот дел. Да го задржиме тоа и да ја продолжиме борбата за затворање на 140 годишната борба за македонското прашање.

Без никому ништо да му наштетеме или одземеме.
Имаме новонастаната ситуација. Потребна е нова парадигма и доктрина. Целите остануваат.

И како што стои во трејлерот за една македонска серија која за жал марионетската власт не дозволи да биде рализирана: Македонија е љубовна приказна…
А во љубовта, среќата и болката одат заедно. 
Да живее Македонија!!!

-напиша на фејсбук Никола Груевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace