Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ остро го нападна претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски за неговите панични зборови преку кои манифестира класичен шовинизам наспроти својата противкандидатка Професорката Гордана Силјановска Давкова.
“Класичен шовинизам и срамно однесување на Стево Пендаровски!
Очигледно во паника и нервоза од слабиот одзив и малата поддршка кај народот, Пендаровски не бира средства, ниту пак зборови за неговиот најголем политички противник, професорката Гордана Силјановска Давкова.
Јасно е дека бродот на СДС и Пендаровски незапирливо тоне и токму затоа очајнички се обидуваат да ја омаловажат професорката и идната претседателка на Македонија.
Досега во кампањата сите видовме кого гледаат граѓаните, а кого не гледаат.
Пендаровски и СДС многу убаво го знаат и гледаат ова.
Македонија ќе добие претседател каков што заслужува, а не претседател каков што има во моментов.”
-напиша на социјалните мрежи Никола Мицевски- член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните