Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов ја информираше денеска јавноста дека започнала реконструкција на објектот на Бања Кежовица.
“Општина Штип започна со реконструкција на делови од бања “Кежовица” која ќе се одвива во 2 фази:
1. Реконструкција на кров, поставување на парно затоплување, нова електрика, фекална канализација и уредување на соблекувални простории со нови елементи и осветлување.
2.Реконструкција на сместувачките капацитети во рамки на бања “Кежовица”.
Паралелно веќе се работи на планирање на детален урбанистички план за земјиштето околу бања “Кежовица” вклучувајки го и постоечкиот објект, со можност за изградба на хотел, спа центар, дом за стари лица и спортски центар, со цел привлекување на потенцијални инвеститори.”
-информираше Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип