БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Малата излезеност на делчевчани за поддршка на Стево Пендаровски беше маскирана со носење партиски војници на СДСМ од други општини во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вечерва свој собир за презентација на политичката програма во Делчево имаше претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски.

Во неговиот изминат петгодишен мандат Стево Пендаровски го посети Делчево само еднаш на промоција на книга. Иако е во негови ингеренции безбедноста на делчевчани, Пендаровски не беше заинтересиран да се појави меѓу жителите на оваа општина на крајниот исток од државата кога домовите на овие луѓе беа поплавени а нивните животи во опасност, или пак кога цели населби беа под закана на огнени стихии при што изгоре најголем дел од шумата во Пијанечко-Малешевскиот регион.

Стево Пендаровски во своето обраќање пред Делчевчани речиси воопшто не посвети зборови за својот отчет за сработеното во изминатите пет години кои ги помина како потстанар без пари на грбот на граѓаните во вилата на Водно, поради брзањето и краткиот тајминг кој го посвети на луѓето кои беа дојдени да го слушнат неговиот говор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од луѓе кои што присуствуваа на митингот на Стево Пендаровски во Делчево дознаваме еден особено интересен феномен. Впрочем овие луѓе кои се староседелци и кои што цел живот го поминале во Делчево, околу себе на вечерашниот собир на Стево Пендаровски гледале многу малку познати лица а наместо лицата на делчевчани во публиката меѓу присутните доминирале лица на луѓе кои што за нив се непознати.

Низ центарот на Делчево но и на периферните пристапи во градот пред и за време на собирот на Стево Пендаровски во Делчево можеле да се забележат голем број на повеќе десетици автомобили со регистарски таблици од соседните градови но и од градови од поширокиот регион.

Пред почетокот на митингот на Стево Пендаровски во Делчево видно било раздвижувањето на двата пристапи кон Делчево од правецот на Пехчево и Берово но и од правецот кон Кочани.

Така во поддршка на Стево беа дојдени луѓе со автомобили од Пехчево, Берово, Штип, Македонска Каменица, Скопје, Куманово, Тетово, Кочани…. додека бројот на делчевчани бил несвојствено за претседателска кампања многу мал.

Делчево е една од општините кои што доживеаа најголем одлив на млади но и повозрасни граѓани во изминатите 7 години со што присуството на автомобили со вакви регистарски табли беше коментирано со подбив од малкумината делчевчани по чаршијата како своевиден панаѓур за замајување на оние малку поддржувачи на СДСМ и Стево Пендаровски кои останаа да живеат во Делчево.

Ваквиот обид да се измами јавноста со некаква масовност на митингот на Стево Пендаровски е патетично сценарио вештачки да се трупаат луѓе во град кој е десеткуван во минатите 7 години владеење на актуелните власти.

Креирано од:


Пренеси го гласот