Непартискиот кандидат за градоначалник на Кочани – Николчо Илијев, предложен од СДСМ денес изјави:
“Општината е должна да обезбеди развој на масовниот спорт и на рекреативните активности на граѓаните, на училишниот, студентскиот и спортот на лица со посебни потреби.
Спортската јавност одамна бара поголем буџет и поддршка од локалната власт. Како кандидат за градоначалник сметам дека Општината мора да му биде сојузник на спортот. Од општинскиот буџет мора да се издвојат повеќе пари за спортот. Пари што ќе бидат правилно, транпарентно наменети и чесно и отчетно потрошени од спортските здруженија и клубови.
Со добро стопанисување, пари во спортот можат да доаѓаат и од бизнис-секторот. Добра локална економија може да овозможи поголема поддршка на спортот.
За спортско Кочани – ќе ги мотивираме сите клубови и поединци за упорно тренирање и постигнување резултати: фудбалерите, кошаркарите, ракометарите, борачите, гимнастичарите, каратистите… Жално е клуб како што е шаховскиот да нема простории и услови за работа. Ние ќе обезбедиме соодветен простор за тренинг на сите спортски здруженија и клубови. Дипломираните спортски работници ќе ги поддржиме да ги реализираат своите знаења и можности во спортот.
Мора да се вложат повеќе пари во спортските објекти, опрема, кадар. Се залагаме за реконструкција и целосно оспособување на спортските објекти, нивно одржување и осовременување. Ќе работиме така што спортските екипи да бидат амбасадори на Кочани. Само така можеме да очекуваме успеси во спортот.
Така ќе има спортски живот во Кочани.”
Одеднаш, од познат бизнисмен кој нема апсолутно ништо вложено во градот, преку градоначалничката фотеља смета дека може да реши се од еднаш. Но дали некој воопшто верува во тоа, имајќи во предвид која политичка опција стои зад Николчо Илијев ? Дали некој би ризикувал да помогне СДСМ повторно да го донесе на власт? Макар и со сила ?