Вицепремиерот и Министер за транспорт во МАкедонската влада Алаександар Николоски преку социјалните мрежи објави уште една убава вест за Македонските граѓани. Станува збор за повторно воспоставување на ави линијата Скопје- Амстердам која ќе се реализира два пати во неделата.
“
Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати.
После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам. Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам.
Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот.
За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните.”
-напиша на социјалните мрежи Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука
Мицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот
Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната