БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Политичките партии во Македонија имаат јасна ЕУ определба, но една земја членка наметна блокада

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска учествуваше на дебатата „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“ по повод прослава 9-ти мај организирана во соработка со „Конрад Аденауер“ во Скопје, каде имаше свое обраќање.

По конференцијата Николоски за медиумите ја даде сл. изјава:

“Имавме денес исклучително интересен, квалитетен настан заедно со фондацијата Конрад Аденауер. Разговаравме околу перспективите за европската иднина на Македонија, посветени на Денот на Европа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И она што го истакнав во обраќањето можам да го повторам, а тоа е дека во Македонија сите политички партии имаат јасна определба кон членство на Македонија во ЕУ. Тоа дава една сила кон целиот овој процес на европска интеграција. Но, во исто време сме соочени со блокадата која што за жал ја наметна Бугарија. И мислам дека треба да македонското општество силно размислува на свртеност кон себе односно на внатрешни реформи и економски развој, пред се во битката со организираниот криминал и корупција, како и на економскиот развиток во делот на инфраструктурата и во делот на отворање на нови работни места.

Беше корисно да се слушнат и мислењата од останатите учесници, пред се на амбасадорката на Германија и претставникот на фондацијата на Конрад Аденауер.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace