Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Иван Гоцевски преку социјалните мрежи афирмираше уште еден од позначајните проекти кои што ќе ги реализира после изборите и добивањето на довербата на делчевчани.
Станува збор за можѓеби и најзначајната сообраќајница во Централното градско подрачје во Делчево која што според постојниот ГУП на Делчево е предвидена да биде булеварско решение како една од градските магистрали кои што го поврзуваат Делчево со повеќе геогравски локации и топоними во општината.
Моменталната состојба на оваа сообраќајница не ги задоволува сообраќајните потреби на Делчево, за што речиси сите граѓани кои што ја користат оваа сообраќајница реагирале со години наназад за нејзина реконнструкција. Оваа сообраќајница е дел од регионалниот пат кон планината Голак, но истовремено е значајна поради тоа што таа се граничи со постојната Сервисна сона во Делчево каде што се сместени повеќе производствени и дистрибутивни центри, така што фрекфенцијата на пешаци и сообраќај ја наметнува потребата за нејзина приоритетна изградба.
Ваквиот приоритет за изградба на нов Булевар Индустриска во Делчево го препозна и Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски со чии што финансиски средства веќе е започната изградбата на подземната комунална инфраструктура во вкупен износ од 13,472,579.00 денари. Реализацијата на овој проект треба да продолжи успешно да се спроведува, за што е потребно целосно да се изградат елементите на булеварот (двете сообраќајни ленти, разделната лента, електро-енергетската линија за осветлување, тротоарите од двете страни на булеварот и тн.
Како следствена неминовност на овој проект се наметнува и потребата за изградба на нов мост на река Брегалница на оваа улица кој што ќе го замени постојнит армирано-бетонски мост кој што е во алармантно лоша статичка состојба со нарушена стабилност и екстремно оштетени конструктивни елементи.
Заложбите на Иван Гоцевски и неговиот експертски тим кој што работеше на програмата за реализација за наредните 4 години одат токму во тој правец кој што е во корелација со предвидениот забрзан економски развој на Делчево што е можеби и најзначаен дел на политики и мерки во неговата предизборна програма.
За потребата од изградба на Булевар Индустриска и нов мост на река Брегалница Брегалнички Портал во повеќе наврати со свои анализи ја наметнуваше оваа тема на дискусија во јавност, што е за особено поздравување што истата наиде на разбирање од актуелниот кандидат за градоначалник на Делчево Иван Гоцевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бетонирани пристапни патеки во Кочани и во Оризари
Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани