БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов скандал нa повидок во безбедносните структури: Дали началник на АНБ во Делчево бил познат лихвар?

Пренеси го гласот

Што се случува во структури во делчевските безбедносни институции?

Пред некој ден објавивме информации во јавност за учество на полицајци во партиска вибер група за комуникација и координација во рамки на актуелните локални избори именувана како “СДСМ Локални 2025” за што дополнително според неофицијални извори дознаваме дека имало и внатрешна контрола во полициската станица во Делчево. Исходот од оваа наводна контрола не е познат во јавноста.

Врз основа на информации доставени од свиркач до редакцијата на Брегалнички Портал, денес во име на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните на Делчево прашуваме:

Дали во структурата на безбедносните сили во Делчево, поточно, дали началник на АНБ во Делчево се занимавал со лихварство и во колкав обем и времетраење биле неговите “деловни” потфати?

Колку луѓе биле жртви на неговиот лихварски потфат?

Од каде потекнувале парите користени во лихварската мрежа на чие чело стоел токму началник на АНБ во Делчево?

Дали овој лихварски потфат има некакви врски со казината и обложувалниците во Делчево?

Дали за оваа лихварска дејност постојат евидентирани пријави и дали истите се процесуирани од надлежните структури во делчевската полиција?

Дали за ваквите криминални активности- означени под делото лихварство полициски структури изготвиле службена белешка, дали оваа службена белешка се уште постои или била уништена или “загубена”?

Овие прашања од јавен интерес заслужуваат одговор во функција на спроведување на законот, но уште повеќе обезбедување на вистинска безбедност со професионални безбедносни кадри кои што работат првенствено и единствено во рамки на нивните законски ингеренции и општествена улога.

Креирано од:


Пренеси го гласот