На нивниот јутјуб канал легендарните рок- гранч музички икони објавија нов видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] која што се наоѓа на нивниот 10 албум “Lightning Bolt” кој излезе во публикација во 2013 година.
Актуелизирањето на оваа песна со нов видео запис од страна на Pearl Jam доаѓа по користењето на оваа песна на втората сезона на телевизиската серија “Last of us” која што е актуелна помеѓу светската публика.
Видео записот кој претставува емотивна графичка илустрација која што го рефлектира животот на маж и жена од нивната младост па се до зајдисонцето на животот е одлична визуелна подлога на музиката на еден од највлијателните музички состави во рок музиката на светско ниво.
Проследете го нивното видео за да ви разбуди емоции кои што можеби ги имате заборавено и отвори перцепција на животот која што можеби не ви била својствена.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена