БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Кочани се одржа 4. Меморијален турнир во шах во чест на Тодор Милосиев-Тошо

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во организација на Шаховскиот клуб „Кочани“, се одржа 4. Меморијален турнир „Тодор Милосиев-Тошо“. Во спомен на долгогодишниот претседател, шаховски тренер и еден од најактивните членови на Шаховскиот клуб, настапија 20 учесници од најразлични возрасти.

Првото место на турнирот го освои интернационалниот шаховски мајстор Ванчо Стаменков, второто – Гоце Ѓорѓиев, а третото – Бошко Стаменков.

– Пред 20-ина години, имав чест да ја учам шаховската игра од Тодор Милосиев. Тој беше вицешампион во проблемски шах на ниво на Југославија, беше претседател на клубот кога „Кочани“ и „Алкалоид“ го делеа првото место на Државниот шампионат  во 2012 година и кога „Кочани“ учествуваше во шаховската Лига на шампиони.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наша задача е, повторно да го вратиме Кочани во редот на најшаховските градови. Тоа ќе го направиме преку иницијативи како што е „Шах за секое дете“, потоа со пренесување на знаењето од кочанските врвни шахисти на младите и со организација на квалитетни турнири – истакна во обраќањето в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.

Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace