БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Новите центри за услуги за граѓаните на Министерството за дигитална трансформација со силен раст на директните услуги во функција на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со отварањето на центрите за услуги за граѓаните од страна на Министерството за дигитална трансформација и со нивни афирмирање во јавноста директно од страна на министерот Стефан Андоновски и вработените лица во овие центри, граѓаните се повеќе ги користат нивните услуги.

Широката лепеза на сервиси за потребите на граѓаните силно е пропознаена и користена од самите граѓани а со тоа значително се зголемува нивот на дигитализација на работењето на државната администрација но сега на оптимализиран и силно експедитивен начин.

Придобивките од работата на овие центри се повеќе слојни при што главниот ефект се однесува на ефикасно остварување на правата од страна на граѓаните, но и градење на силен дигитален капацитет на институциите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Она што посебно охрабрува во работата на центрите за услуги за граѓаните кои се позиционирани во 11 општини во државата е што во последната 2025 година бројот на услуги шесткратно е зголемен во споредба со период од 3 години пред тоа во 2020-2023 година.

Ваквата посветена работа на Министерството и актуелниот министер Андоновски подразбира доследен процес на доследност во практикувањето на политичките определби на актуелната влада од што бенефит имаат сите граѓани.

Креирано од:


Пренеси го гласот