ВМРО-ДПМНЕ објави оглас за кандидирање на кандидати за генерален реизбор на Претседатели на политичките подмладоци во вкупно 76 општински комитети.
Како единствен услов во повикот е наведено дека кандидатите за да се кандидираат е потребно да бидат членови на партијата во моментот на поднесување на кандидатурата.
Апликацијата за кандидирање се состои од пополнување на стандардизиран прашалник за биографија и апликација која кандидатите треба да ја достават до седиштето на партијата најдоцна до 18.06.2018 година.
Потоа во рамки на процедурата со секој од кандидатите ќе биде извршено интервју од страна на внатрепартиска комисија.
Секој кандидат има подеднакви можности да биде избран, согласно неговите постигнувања на индивидуално ниво во минатото но и визијата за иднина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Берово се приклучи кон одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција
Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад