БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По завршувањето на процесот на евалуација од страна на соодветната комисија, денес беа објавени добитниците на јавниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации, во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците, односно .Владата ја донесе одлуката за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Оваа програма на Владата на Република Северна Македонија има за цел зајакнување на партнерството со граѓанскиот сектор, кој има клучна улога во демократските процеси, креирањето на политики и изградбата на инклузивно и одржливо општество. Граѓанските организации се важни актери во промоцијата на транспарентноста, вклучувањето на граѓаните и заштитата на темелните права, придонесувајќи за социјален, културен и економски развој на земјата.

Ова е значаен чекор кон зајакнување на граѓанското општество на локално и национално ниво, создавајќи поволна средина за развој на граѓанските иницијативи и подобрување на животот во нашите заедници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како заменик-претседател на Владата за политики на добро владеење, изразувам искрена благодарност до сите организации што аплицираа и им посакувам многу успех во спроведувањето на своите проекти и активности.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace