БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од аеродром директно на состанок со сопственикот на платформата Rumble

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски слета во вашингтонскиот аеродром по утринскиот лет, каде што веднаш замина на состанок со сопственикот на Rumble компанијата која што е една од водечките социјални видео мрежи во светот.

На состанокот сопственикот Крис Павловски кој што е по потекло од Македонија, Премиерот Мицкоски ја наметнал темата за инвестиции од страна на Компанијата Rumble во Македонија.

“Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината.

Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината.”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со состанокот.

Креирано од:


Пренеси го гласот