Со собирање на потписи од денеска до 7 октомври во сите градови во државата, активистките од граѓанската иницијатива 450 породилно очекуваат дека ќе ја остварат целта – измени во законот за работни односи.
18 месеци е најиделно за детето, тогаш тоа е доволно психички созреано и може да се оддели од мајката, велат активистките.
Со продолжување на породилното отсуство, од граѓанската иницијатива велат дека мајките подолго време ќе можат да вложат во воспитувањето и следењето на развојот на новороденчињата. Нивната прва инцијатива во Собранието од пред неколку месеци беше одбиена од пратениците поради неуредност. Сега очекуваат на наидат на разбирање на државните институции.
Во некои земји платеното отсуство од работа поради бременост е 18 и 24 месеци, но има земји каде е пократко и од македонскиот закон.
Извор: Јавно

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера