БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од наследена очајна состојба во секторот Министерството за дигитална трансформација прерасна во двигател на развојот на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од стагнација кон движење кое забрзува секој ден. Затоа што власта не е привилегија. Власта е одговорност да оставиш подобар систем од оној што си го наследил. 🇲🇰📈

Две години работа на Министерството за дигитална трансформација — ова не е само отчет за бројки, системи и закони. Ова е отчет за тоа дали државата станува подостапна, поефикасна и поправедна за граѓаните.

Кога започнавме, наследивме тешка состојба: супстандардни услови за работа, дезорганизирани процеси, тужби, нефункционални системи, блокирани проекти, долг кон програмата Дигитална Европа, блокирани апликации и застој во дигитализацијата на услугите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но, наместо изговори, избравме работа.

За две години покажавме дека дигиталната трансформација не е апстрактен концепт, туку конкретна промена во секојдневието на граѓаните.

На Националниот портал uslugi.gov.mk бројот на електронски услуги порасна од 120 во 2024 година на 352 во 2026 година. Месечниот број на издадени услуги се зголеми од 1.354 на 13.445, бројот на корисници од 110.000 во 2024 година на 266.000 денес, а вкупниот број поднесени барања од 64.000 на над 340.000.

Тоа значи повеќе услуги без шалтер, без непотребни документи и без губење време.

Нашите 1️⃣1️⃣ приоритети беа јасни:
Националниот портал за електронски услуги – резултатите најдобро се гледаат низ бројките.

Центрите за услуги – од 5 центри во 2024 година до 16 центри денес, за државата да биде поблиску и до оние граѓани на кои им е потребна директна поддршка.

Интероперабилност – институциите конечно да разменуваат податоци меѓу себе. Месечниот број на трансакции се зголеми од околу 708.000 на речиси 4 милиони, што претставува раст од 460%.

Електронско работење во администрацијата – преку еДМС, бројот на институции приклучени на системот се зголеми од 22 во 2024 година на 43 во 2026 година.

Европска и реформска агенда – досега се ослободени 31,7 милиони евра како поддршка за Македонија од Планот за раст, само во делот на дигиталната трансформација.

„Роаминг како дома“ – ги завршивме сите домашни обврски за воведување пакети за роаминг со ЕУ по цени исти како во домашните мрежи за интернет, повици и СМС пораки.

Сајбер безбедност – за првпат, државниот центар за одговор на сајбер инциденти е примен во светската организација FIRST. Инвестиравме 2 милиони евра во опрема, обука на професионалци и меѓународна соработка. Во истиот контекст, воспоставивме и механизам за блокирање нелегални приредувачи на игри на среќа онлајн, при што досега се забранети 358 нелегални приредувачи.

СМАРТ лиценци – дигитални постапки, поголема правна сигурност, поголема транспарентност и помалку простор за административна субјективност.

Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, проект со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, системско вложување во употреба на ВИ на македонски јазик.

Безбедност на децата и дигитални вештини – го формиравме Националниот центар за побезбеден интернет за деца, МкСафеНет, поддржан од програмата Дигитална Европа со повеќе од 700.000 евра. Паралелно, Министерството ја предводи програмата „21st Century Schools“ со British Council.

Транспарентност и јавна комуникација – го заживеавме порталот за отворени податоци data.gov.mk и воспоставивме интегриран систем за веб-страниците на Владата и министерствата, а изработуваме и унифицирани веб-страници за 40 општини и органи на државна управа.

Затоа, Македонија бележи скок од 22 места на GovTech Maturity Index на Светска банка и преминува во категорија А.

Во 2025 година, Министерството беше рангирано и на прво место по транспарентност од сите јавни институции.

Не тврдиме дека сите проблеми се решени. Далеку од тоа. Но тврдиме дека насоката е променета.

Македонија не смее да биде држава на чекање. Македонија мора да биде држава што испорачува.

Ние не можевме да избереме каква состојба ќе наследиме, но можевме да избереме како ќе одговориме на неа. Избравме работа, дисциплина и резултати.

Креирано од:


Пренеси го гласот