БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одбележани патроните празници на ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со пригодни активности и оддавање почит, ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани ги одбележаа патроните празници.  Пред бистите во училишните дворови и во Паркот на Револуцијата, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, училишни и општински делегации положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на борците кои ги положија своите животи во антифашистичката борба.

Настанот потсети на трагичниот настан од пред 82 години, во селото Главовица, на Осоговските Планини, кога животите ги загубија Љупчо Сантов и Раде Кратовче.

Во рамките на програмата, учениците од ОУ „Раде Кратовче“ оддадоа посебна почит и на младинците Петар Ивановски и Драгана Минова, по кои се именувани спортскиот и младинскиот клуб во училиштето, кои загинаа во трагедијата во „Пулс“, а нивните родители се наставници во ова училиште.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со културно-уметничка програма се претставија и гимназијалците од СОУ „Љупчо Сантов“, кои преку стихови и музика испратија родољубиви пораки и потсетија на важноста од негување на историската меморија. Воедно, тие со емотивен омаж им оддадоа почит на своите прерано загинати врсници од пред една година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace