БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Огромен исчекор за влез во дигиталната ера: Министерот Андоновски објави мерка која сите граѓани одамна ја очекуваат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во најкус можен рок од само 6 месеци од превземањето на власта и формирањето на новото министерство за дигитална трансформација, реализацијата на дадените предизборни ветувања од програмата на ВМРО-ДПМНЕ од пред изборите во мај 2024 година стануваат реалност и се остваруваат.

Денеска Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновки во јавноста пренесе информации за би се рекло своевидна револуционерна придобивка за граѓаните на Македонија. Станува збор за користење на оригинал документи од електронскиот систем на Националниот Портал како целосно кредибилни и законски- релевантни во секојдневните потреби на граѓаните без да одат од шалтер на шалтер за да бркаат печати и потписи на администрацијата.

На тој начин се скратува време, и пари за граѓаните но и се подобрува нивото на ефикасност и транспарентност на самите процес за издавање на државни документи без можности за корупција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен

 Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат. Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот.

 Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.

 Намален товар врз администрацијата и полесна достапност и ефикасност во обезбедување на административните услуги.

За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот. Со тоа се обезбедува јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот,”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace