Како што претходно беше најавено од страна на Министертот за транспорт Александар Николоски како и Директорот на ЈП Национални Патишта Коце Трајановски, во првите денови од новата 2025 година ќе биде пуштен во употреба новиот експресен пат на релација од Страцин до Крива Паланка.
Се работеше макотрпно со оптимализација на сите расположиви капацитети со кои располага државата за во вака кус период од само неколку месеци да се завршат сите работи околу изградбата на овој важен сообраќаен инфраструктурен проект кој што ќе значи многу во развојот и животниот стандард за граѓаните кои што гравитираат во овој дел од државата.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.
Во неговите очекувања на економски план рече дека почнатите инфраструктурни проекти во 2025 ќе бидат со засилена динамика или завршени и дека во меѓувреме ќе се развиваат нови проекти.
Повтори дека очекува пред почетокот на туристичката сезона во Охрид да биде пуштена и делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи.
На крајот на 2026 година се очекува да се пушти целата автопатска делница. Според Мицкоски, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.
„Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид.
Исто така забрзано се работи на патот Прилеп- Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште – ГП Ќафасан по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО“, изјави Мицоски.
Тој истакна дека очекува поуспешна година на економски план, со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти, буџетски дефицит под 4 проценти и инвестиции од над миијарда евра.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Цветан Трипуновски: Со поддршка на европските партнери можеме да изградиме конкурентно, одржливо и модерно земјоделство во интерес на земјоделците
Се имплементира акцијата за чистење на општина Виница
Известување до јавноста – Проект „Безбеден град“