БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Огромен успех: Штип прогласен за Европски град на спортот во 2024 година!

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во јавноста пренесе една особено позитивна вест. Станува збор за прогласување на Штип за Европски град на спортот во 2024 година на церемонија во Европскиот парламент на која присуствуваше градоначалникот Јорданов.

Ваквиот успех доаѓа по предлогот на Организациониот одбор на Европската асоцијација на градови на спортот, а во конкуренција на градови со број на жители меѓу 25,000 и 500,000 граѓани.

“Датум за паметење !!! 🇪🇺🇲🇰

Во конкуренција на градови од 25.000- 500.000 жители, Штип е прогласен за Европски град на Спортот за 2024 година!

Вечерва на гала доделувањата на награди во Европскиот парламент во Брисел ја примивме наградата и признанието кое претставува одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во нашиот град.

Ја користам оваа прилика да најавам дека во првата половина од 2024 година ќе започне изградбата на СЦ Џексон со капацитет до 1000 посетители.

Доизградба и целосна реконструкција на градскиот стадион со две модерни трибини и атлетска патека.

Изградба на сала за училишен спорт во населба Три Чешми и Караорман.

Превземање и доизградба на затворениот базен кој подолго време е во застој.

Изградба на сала за боречки спортови.

bregalnickimarketing

Најавувам дека во 2024 година секое населено место во нашиот град ќе добие модерни спортски терени и содржини, а спортските клубови и спортистите – финансиска поддршка за нивните достигнувања да бидат уште поголеми.

Голема благодарност до сите кои зедоа учество и дадоа поддршка во изработка на пријавата, до нашите сограѓани Никола Смилков, Трајче Димков, Билјана Попевска, Снежана Јованова, како и до нашите спортски клубови и спортски работници.

Ова е датум кој ќе биде испишан во историјата на Европа и нашиот град!

Ова е новата иднина за Штип!!!”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот