БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани ги повика денес граѓаните да гласаат за Жена! Да гласаат за систем на вредности

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Прес коференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани:

Почитувани медиуми, почитувани сограѓани,

Во изминативе денови ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани активно беше вклучен во изборната кампања за сеопфатна промоција и поддршка на професорката Силјановска!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проф. Гордана Силјановска Давкова е докажана личност во својата професија како универзитетски професор, но уште повеќе како човек кој секогаш е на страната на правдата и доследното почитување на Уставот и законите во Република Македонија!

Во недела ќе гласаме за претседател кој ќе ја врати политиката во рамките на правото! За претседател кој нема да дозволи да живееме во држава во која правото е згазено, владее корупција а се промовираат неспособните! Ќе гласаме за жена за која загадувањето е прашање на национална безбедност!

Жена за која Македонија е дом и има почит за сите кои работат добро!

Токму сега на нашата држава и е потребен претседател кој институционално ќе се бори за исправување на сите неправди кои и се случија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатиот период.

Од сите нас зависи иднината на Македонија, да не дозволиме да си подигруваме со иднината на нашите деца, да не дозволиме да си поигруваме со иднината на Македонија.

Народот гледа, цени и знае, проф. Гордана Силјановска Давкова ќе биде петтиот Претседател на Република Македонија!“

Во недела глсаме за број два!

Жена ќе биде, да живее Македонија!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace