Времето деновиве: Секој знае што треба другиот да прави а ништо не превзема самиот тој за да помогне и да ги подобри работите.
Мрзата и неработата се национални спортови, а сеирот, наоѓањето маани на иницијативите и работата на другите е дејност со која некои заминуваат во пензија.
Дојдени сме на крај во фаза на општествениот развој во која на оние кои најмногу работат и знаат што треба да се направи, кој како стигне му се прави шеф. И додека шефовите- шефуваат, ги снема оние кои поработуваат. Многу бргу ќе дојде време кога шефовите ќе бидат оставени сами на себе а дури тогаш ќе има нашето гнило општество проблем.
Општество кое ги потценува своите интелектуалци, работници, креативци многу бргу се претвара во мочуриште.
А кога заврне во мочуриштето царуваат жабите, комарците и црвите (со сета должна почит на самите жаби, комарци и црви)
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Колумна на Јорданоски за Денешен.мк: Од „јазикот на мнозинската заедница“ до „достапниот јазик“, само не македонски!
Наместо да се гордеат со својот идеолошки комплемент, СДСМ го лепат социјалистичко-левичарскиот диктатор Мадуро на десничарскиот лидер Мицкоски
ПР службата на СДСМ “одлепи” целосно. Соц-комунистичкиот диктатор Мадуро го лепат на Мицкоски, дрогата која ја либерализираа токму СДСМ ја подметнуваат на ВМРО-ДПМНЕ