Во организација на Општина Делчево и Здружението Ромски едукативен и културен центар ТЕРНИПЕ МК Делчево, а под покровителство на градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, во саботата во концертната сала во Спомен дом АСНОМ во Делчево со пригодна свеченост се одбележа 8 -ми Април, меѓународниот ден на Ромите.
-Одбележувањето на меѓународниот ден на Ромите е дел од програмските активности на „БИДИ ВО КРУГОТ“„BE IN THE CIRCLE“,во организација на ТЕРНИПЕ МК -Делчево, под раководство на Ермина Реџепова, координатор на проектот, информираат од Општина Делчево.
“Пред присутните свој говор имаше градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски кој меѓу другото истакна дека општина Делчево и локалната самоутрава ќе продолжат да создаваат општина на доверливи и одговорни граѓани кои ќе ја развиваат и практикуваат меѓуетничката инеграција свесни дека сите треба да бидеме креатори на општество кои промовира соживот, мир и разбирање. На свеченоста свој настап имаа членовите на КУД „Гоце Делчев“ и ТЕРНИПЕ МК-Делчево , како и гостите од Србија, ТЕРНИПЕ-Пирот, Србија.
Свеченоста беше во знакот на зачувување на традиционалнта култура,фолклорните обрасци со презентација на различните традиционални уметности,традиции и култури, кои придонесуваат за афирмација на културниот деверзитет и на соработка меѓу заедниците во Република Северна Македонија.
Одбележувањето на 8 -ми Април, меѓународнот ден на Ромите заврши со дегустација на традиционална трпеза.”
-стои во соопштението на општинската администрација упатено до јавноста преку официјалниот веб портал на општина Делчево.
Фото извор: Општина Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево