БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Знамето на Ромите подигнато на јарбол во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод денешниот Меѓународен светски ден на Ромите градоначалникот н аопштина Виница го крена Знамето на Ромите на општинскиот јарбол со што упати порака дека општина Виница е општина на Ромиите како и сите други припадници на делови од народи.

Притоа преку социјалните мрежи градоначалникот Миле Петков упати своја честитка по повод денешниот ден:

“Почитувани сограѓани од ромска националност,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во свое име и во име на Општина Виница Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите!

Во изминатиов период , во нашата општина се направени голем број на активности и реализирани проекти со цел подобрување и унапредување на животот на граѓаните од Ромскате етничка заедница.

Реализирајќи ги проектите од комунална инфраструктура, легализација, олеснување на образовен процес, водовод, канализација и подобрување на социо економската положба, овозможуваме континуирано подобрување на животот на Ромите во Општина Виница.

Осми април е денот посветен на историјата и културата на Ромите, кој се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми. Ромите како интегрален дел од македонското општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик и да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да партиципираат преку своите партии во политичкиот живот.”

-стои во честитката упатена по повод 8 Април- Светскиот ден на Ромите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace