
” “Најтешко е да бидеш она што си. Човек.”
Александар Чотриќ
“Нашите глувци се емотивно врзани за бродот! Не го напуштаат ни кога тоне.”
Васил Толевски


“Ние не си го бараме ѓаволот, туку си го бираме.”
Слободан Симиќ
“Очигледно е дека сме библиски народ. Како да сме правени од кал.”
Витомир Долински


“Се убиваме за ситни пари. Не сме материјалисти”
Зоран Т. Поповиќ
Живеам во тешка илегала. Никој не знае дека – постојам!
Иван Карадак


“Држиме чекор со светот. Воопшто не застануваме зад оние што се последни.”
Јово Николиќ
“Јазикот за заби! И тоа е некој вид месо.”
Ванчо Полазаревски


“Свети Петар остро го критикува купувањето на факултетски дипломи. Поради некои хирурзи мора да работи прекувремено.”
Ѓорѓе Оташевиќ
“Нема што да бараме во Европа. Ние тука се изгубивме.”
Миле Ѓорѓијоски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час