Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов преку социјалните мрежи упати известување за јавноста во врска со започнувањето на градежните работи за изградба на 1600 метри патен правец за поврзување на населените места с. Таринци- с. Долни Балван.
Ваквиот проект е повеќегодишна- децениска потреба на жителите кои гравитираат во овој дел од општина Карбинци и во огромна мера ќе значи подобрување на условите за секојдневен живот на овие граѓани.
“Започна асфалтирањето со прв слој асфалт на патниот правец Таринци-Долни Балван со должина од 1.600 метри, еден од најголемите инфраструктурни проекти во нашата општина!
Во рамките на проектот изградивме нова пешачка рекреативна патека, која ги поврзува населените места Таринци и Долни Балван, истата ќе биде целосно осветлена!
Со реализацијата на овој проект ќе се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците.
Нашиот даден збор пред Вас граѓаните има вредност, нашата тенденција е да ги исполниме ветувањата и да овозможиме подобра иднина во нашата општина!”
-информираше градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов за јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца