БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Историски говор на Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова пред граѓаните на Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на нејзиниот предизборен караван за претставување на идните политики кои што ќе ги спроведува како иден претседател на Република Македомнија професорката Гордана Силјановска Давкова имаше свое впечатливо обраќање пред жителите на Виница.

На плоштадот Ангел Винички најави идентификација на сите штетни одредби во актуелниот Устав на државата поради кои е оневозможен развојот на вистинска европска демократија во Македонија.

Пред жителите на Виница и целокупната Македонска и светска јавност Професорката Давкова вети вистински европски устав кој што ќе им служи на сите граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како професорка по уставно права која што ги познава во огромна мера уставните начела на европските земји со кои што соработувала и чии што устави ги проучувала во текот на нејзината досегашна професионална кариера, како иден претседател на Република Македонија Професорката Гордана Силјановска Давкова ќе иницира Парламентарна Комисија во собранието составена од најголеми експерти по оваа материја за да ги прегледаат сите недостатоци на актуелниот устав на државата низ призмата на современите европски уставни трендови.

На тој начи за да се отклонат сите нефункционални делови од постојниот Устав кој што е генератор на многу проблеми во општествените односи во Државата ќе се пристапи кон подобрување на Уставот на Република Македонија низ една народна, демократска процедура за да се изготви нов устав кој што ќе им служи на граѓаните и на кој сите граѓани ќе бидат горди.

Овој дел од нејзиниот говор кој штко се однесува на уставни измени на кандидатот за претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова од пред жителите на Виница може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace