Денеска во изјава за медиумите пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој што е во посета на жителите на општината Зрновци за јавноста истакна дел политичките определби на партијата за развој на земјоделието и економијата воопшто по превземањето на власта.
“Општина Зрновци се развива, планираме во наредниот период во мандат на ВМРО-ДПМНЕ да инвестираме дополнителни милион евра за потребите на граѓаните од општина Зрновци.
Исто така 800 милиони евра ќе бидат директна помош за земјоделците во цела Македонија, тоа значи дека ќе го решаваме откупот на земјоделските производи, но и водоснабдувањето кој е еден од најголемите проблеми во овој крај.
Дополнително 5.000 млади лица земјоделци, кои што одлучиле да останат во Македонија ќе добијат дополнителни бонус поени при апликациите за добивање на државно земјоделско земјиште.
Меѓутоа за сето ова да се случи потребни се промени, промените може да се случат само со масовна излезност и поддршка за Гордана Силјановска Давкова на 24 април, потоа и на 8 мај за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија.”
-рече Драган Ковачки- носител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија” во Третата изборна единица.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево