БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Македонска Каменица започна со проектирање на 12 проекти за реконструкција и изградба на улици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Распишана е набавка за изработка на проектна документација за изградба и реконструкција на локални и пристапни маалски патишта, како и за изградба и реконструкција на улици и пешачки патеки во Општина Македонска Каменица.

Проектната документација опфаќа 12 позиции со вкупна должина од 8.955 метри, односно речиси 9 километри патна, улична и пешачка инфраструктура.

Предвидена е изработка на проекти за:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– реконструкција на дел од ул. „Македонска“ – 340 м;
– изградба на дел од ул. „Горна Река“ – 190 м;
– реконструкција на дел од ул. „14-ти Јуни“ – 330 м;
– реконструкција на ул. „Илинденска“, дел 1 – 500 м;
– реконструкција на ул. „Илинденска“, дел 2 – 410 м;
– изградба на пешачка патека во населба „Ливада“ – 85 м;
– изградба на локален пат во Косевица, од Долна до Горна Чукаревска Маала – 1.000 м;
– изградба на локален пат Косевица – Чутуранци – 500 м;
– изградба на локален пат во Моштица (Павлиш Дол), од зградата на Месната заедница до маало Демеци – 1.000 м;
– изградба на локален пат Костин Дол – Долна Папурица – 900 м;
– реконструкција на локалниот пат во Дулица, од отклонот од А3 до селото – 2.300 м;
– реконструкција на локалниот пат во Тодоровци, од отклонот од А3 до селото (Колевска Маала) – 1.400 м.

Изработката на квалитетна проектна документација е неопходен чекор за реализација на идните инфраструктурни зафати и за создавање услови за обезбедување средства за нивна изградба и реконструкција.

Продолжуваме плански да ги подготвуваме проектите што се потребни за подобрување на локалната инфраструктура, како во градското подрачје, така и во населените места во Општина Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот