БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Штип покрај големите инфраструктурни инвестиции, доделува 16 милиони денари за спортистите во општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов ги повика сите спортски здруженија, институции од областа на спортот, спортски манифестации на територијата на Општина Штип и поединци да се пријават за добивање на материјална поддршка од Буџетот на општината.

Повикот е веќе објавен и трае до 30 јануари а за доделените сретства ќе одлучува комисија формирана за таа цел..

Ваквата голема финансиска поддршка на градоначалникот Јорданов за спортските работници во Штип доаѓа по година на големи финансиски инвестиции во спортската инфраструктура во Штип кои што се движат околи половина милион евра зза 2022 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Првата година од мандатот на градоначалникот Јорданов беше исполнета со изградба, реконструкција и уредување на голем број спортски терени, игралишта, објекти кои што се наменети за сите категории на штипјани- од најмали па до највозрасни.

“Општина Штип распиша јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Штип и спортски манифестации кои се одржуваат на тeриторија на Општина Штип.

Средствата се во вредност од 16.000.000,00 денари обезбедени од Буџетот на Општина Штип и ги повикуваме и охрабруваме сите оние кои во изминатиот период постигнале резултати да се пријават на овој повик.

Општина Штип во изминатиот период се гордее со секоја победа и секој успех од областа на спортот, затоа што Штип е град од кој потекнуваат врвни и афирмирани спортски имиња. Во текот на минатата година како Општина инвестиравме во уредување, реконструкција и изградба на спортско рекреативни игралишта со нови и специјализирани тартан подлоги, вештачка трева, спортски и детски реквизити, заштитни огради како и целосно лед осветлување на истите, нешто кое ќе го продолжиме и оваа година.

Ние како Општина ќе останеме постојани партнери на спортот и младите, бидејќи спортот зазема значајно место во секое развиено општество учејќи ги најмалдите на вистинските вредности, на тимска работа, меѓусебна почит, споделување на победи но и прифаќање на поразите.

Животните вештини научени преку спортот ги обединуваат индивидуите и заедниците создавајќи еден цврст мост помеѓу етничките и културните разлики.”

-соопшти градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во врска со објавениот повик.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace