БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општинскиот долг на Кочани намален за над 25 милиони денари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денот кога в.д. градоначалникот Венко Крстевски ја презеде функцијата, на 16 април 2025 година, Општината се соочуваше со финансиски товар од 40.927.040 денари. Денес, на 1 септември 2025 година, обврските се намалени на 15.848.796 денари, што претставува значително олеснување за општинскиот буџет.

Овој резултат е постигнат преку внимателно планирање, рационално користење на средствата и одговорен пристап кон јавните финансии.

Во моментов Буџетот на Општина Кочани располага со 13.809.674 денари на својата сметка, што е јасен показател за финансиска стабилност и за капацитет навремено да се сервисираат тековните и идни обврски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Изминатиот период ја потврди успешноста на транспарентното и функционално управување.

Посветеноста кон граѓаните и развојот на Општината се покажаа како клучни фактори за долгорочен и стабилен раст.

Со позитивните резултати од ваквиот пристап се подобруваат јавните услуги, се реализираат проекти и се создава цврста основа за уште поинтензивен развој во иднина во интерес на сите граѓани на општина Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот