По незаборавните вечери во Охрид и Делчево, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме сега патува кон градот под Исарот, кон Штип.
Штипјани утревечер, 3 септември, со почеток од 20 часот време е да ја отвориме душата и да го исполниме градот со звуците на најубавите македонски песни. Затоа што ова не е само концерт, ова е емоционално обединување и прослава на сѐ што сме – народ со горда историја, богата култура и неизмерна љубов кон татковината.
Во Охрид и Делчево пеевме како едно, а сега е време и Штип да одекне со истиот жар, сега е време да запееме сите затоа што македонската песна не познава граници, не познава поделби – таа живее во нас.
Мисијата наречена Македонијо во срце те носиме, а зад која стои Скендеровски продукција, продолжува – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, да го славиме нашето, македонското, да пееме за Македонија, да бидеме едно!
Ве очекуваме во Штип!
Вака беше во Делчево:























СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг