БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ѓорѓија Сајкоски: “Само ВМРО-ДПМНЕ може да биде предводник на процесите за отварање на нови можности”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешниот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ против штетните политики на Владата предводена од Зоран Заев, во Кичево пред присутните граѓани се обрати и Претседателот на Општинскиот Комитет на партијата во Кичево, Ѓорѓија Сајкоски.

Тој пред присутните порача:

Денешниот собир претставува апел за Владата да ги стопира штетните политики и да даде шанса за развојот на државата. Шанса за доизградба на започнатите проекти кои носат сигурна иднина на граѓаните на Кичево и Македонија.

Со секој изминат час ќе бидеме се побројни. Вие знаете кој може најдобро да работи за својот народ. Кој знае да гради институции и држава. Знаете што е најдобро за Македонија. Но треба да бидеме свесни дека за тоа треба непрекинато да се бориме, само така можеме да ги отвориме нашите можности. Но исто така знаеме дека само ВМРО-ДПМНЕ може да е предводник на тие процеси.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот