БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Павле Богоевски: “Одлучив да не држам гнев повеќе”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Павле Богоевски и т.н. командос на Шарената револуција во петокот пред почетокот на рочиштето од судскиот процес во кој е обвинет Богдан Илиевски (Бетмен Велит) во знак на негова поддршка се сретна со водачот на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” пред судот.

Притоа овој момент нбеше забележан од страна на Македонската информативна агенција аи прокоментиран од самиот пратеник на фејсбук.

Му реков дека ќе му подадам рака кога ќе одговара за своите постапки. Денес е тој ден. Денес, институциите се борат за правда за сите нас.
Без разлика на ефектите кои 27ми април ги имаше врз целата држава и врз секој од нас поединечно – се додека институциите си ја вршат својата работа, а тие кај кои ќе биде утврдена вина одговараат за своите постапки – јас одлучив да не држам гнев и лутина. Не повеќе.
Овој процес и ова тешко и болно искуство се нужни од повеќе причини. Прво, институциите мораат да си ја завршат својата работа за секој нареден властодржец да сфати дека во нашето општество повеќе нема место за “правото на силата”.
Второ, уште омраза може да роди само уште насилство. Мора да го прекинеме кругот, бидејќи омразата и насилството немаат место во европска Македонија.

Фото: МИА

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Статус: Павле Богоевски

Креирано од:


Пренеси го гласот