БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Орце Ѓорѓиевски: “Откако СДСМ е на власт полицијата не им служи на граѓаните, туку на криминалот”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во соопштение до јавноста денеска се обрати членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Со денови одиме низ десетици населени места во државата и секаде иста слика, тага, јад и чемер. Граѓаните живеат во несигурност, СДСМ не нуди подобар живот, туку смрт, секојдневно убиства, запалени автомобили, грабежи, државата има нарушена безбедносна состојба

-вели Ѓоргиевски.

Тој вели дека откако СДСМ е на власт полицијата не им служи на граѓаните, туку на криминалот. Се прави криминал, од најситен до најсофистициран, гледаме како државни милионски тендери добиваат фирми на луѓе блиски до власта, лиценци за извршување дејности од кои зависи добивање на јавна исправа ново формирани фирми, и уште еден куп други апсурди.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Додека ја разграбуваат државата, ги злоупотребуваат и европските вредности, под превезот на ЕУ и НАТО интеграција прават страшен криминал, но и ја злоупотребуваат нашата стратешка ориентација како држава за покривање на штетниот договор.

Немаат аргументи за клучните прашања. Се зборува за се, само за суштината не. Со овој договор се губи идентитетот, историјата и културата. Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања,

-кажа Ѓоргиевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот