БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јорданчо Костадинов: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме нови подобри услови за дечињата во детската градинка во село Облешево

Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново- Облешево Јорданчо Костадинов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” најавува доградба, реконструкција и санација на Д.Г. ,,Ѕвездички” – клон во с. Облешево.

“За нашите најмали – за нашата иднина! Со голема радост ве известувам дека наскоро ќе ја реконструираме и санираме детската градинка „Ѕвездички“ во с. Облешево. Време е децата да имаат топол, безбеден и модерен дом каде ќе растат со насмевка, љубов и грижа. Нема поголема инвестиција од инвестицијата во нашите деца – тие се нашата иднина и сила.

Сите заедно, чекор по чекор, градиме подобро утре. За нас, за нив, за целата Општина Чешиново-Облешево.”

-вели во својата објава на социјалните мрежи Јорданчо Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот