Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов денеска со свое видео обраќање преку социјалните мрежи ја алармираше јавноста за расипничкото владеење на СДСМ и тоа во услови на активна вонредна состојба предизвикана од заразата со Ковит-19.
Тој во јавноста изнесе повеќе информации од кои се согледува природата и мотивот на борбата за власт на СДСМ и нивното практикување на самата власт, но истовремено ги истакна своите заложби за санкционирање на оваа несакана состојба пред која се исправени Македонските граѓани.
Неговото обраќање во јавноста го пренесуваме во целост во продолжение:
“Почитувани,
Очигледно е колку малку треба граѓаните да го увидат недомаќинското работење на Владата предводена од СДСМ.
Граѓаните дури 40 до 50% од цената по литар гориво во Македонија ја плаќаат да оди во државниот Буџет или во просек околу 20 до 24 денари по литар гориво завршуваат во државниот Буџет.
И додека државниот Буџет е празен, власта се обидува да го наполни преку акцизите и давачките на граѓаните, а во исто време, не може да одолее на скапите лешници, бадеми, индиски ореви и кафиња.
Замислете, додека Буџетот е празен, дел од граѓаните преживуваат со само еден леб дневно, СДСМ за во владата нарачува над 0.5 тони апетисани и над 3 тони кафе.
Тоа се над 25.000 кафиња дневно и над 2 килограми апетисани дневно.Ова е поигрување со интелегенцијата на граѓаните.Непродуктивните трошоци мора веднаш да прекинат.
Ова е класично лудило и за ова граѓаните ќе им покажат црвен картон на СДСМ на денот на изборите кога и да се одржат.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево
Решение на деценискиот проблем на село Габрово, делчевско. Владата започна со проширување и целосна реконструкција на патот кон селото
Кривична пријава за жител на село Тработивиште затоа што упатувал закани кон неговиот чичко