Министерката за образование и наука во Македонската влада Весна Јаневска денеска присуствуваше на работен состанок со повеќе засегнати организации и поединци во врска со актуелните напори на владата за основање на нов научно технолошки парк во Македонија.
Оваа нова структурална и функционална единица ќе работи на развој на постојниот истражувачки и претриемнички потенцијал кај младите и останатите возрасни категории вклучени во економијата на територија на цела држава.
“Сакам да споделам дека во моментов работиме на основање на Мултифунционален научно-технолошки парк во Македонија!
Денес се одржа првиот состанок на работната група за формирање на научно-технолошкиот парк. Присуствував на состанокот и на членовите, претставници на повеќе институции и на академската заедница им посакав успешна работа и што поскоро, заеднички да ја оствариме оваа важна цел.
Научно – технолошкиот парк ќе го консолидира постоечкиот истражувачки и претприемачки потенцијал, ќе поттикне иновации, ќе ја засили дигиталната трансформација и ќе овозможи долгорочна трансформација кон економија базирана на знаење усогласувајќи се со европските иновациски текови. Односно, ќе биде насочен кон поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари.
Како системско решение, научно – технолошкиот парк ќе помогне во остварувањето на целите дефинирани во Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Ќе бидеме транспарентни и ќе информираме за текот на сите активности понатаму.”
-соопшти за јавноста од денешниот состанок Министерката за образование и наука Весна Јаневска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи