БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Основците од с. Русиново собраа донација за семејството Мирчовски кое неодамна ја изгуби куќата во пожар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Донација од душези, постелнини, ќебиња, хигиенски пакети, пакети со облека, прехрамбени пакети и кујнска опрема, денеска пристигна, од Републички црвен крст- Општинска организација Берово, за семејството Мирчовски, од с. Русиново  чија куќа пред неколку дена, до темел, изгоре во пожар.

Волонтерите на Црвен крст, од ООУ ,,Никола Петров Русински’’ од с. Русиново, во изминатите денови, одеа од врата на врата и собраа парични средства во износ од 101.000,00 денари кои му беа врачени на семејството.

Соработката на сите акции за помош на семејството, е поддржана од Општина Берово.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Опожарените остатоци, се расчистени и наскоро семејството ќе започне со градење.

Извор: Општина Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace