БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Па до кога вака? Повторно случај на труење на кучиња во малешевијата

Пренеси го гласот

Откако претходно во неколку пати алармиравме во јавноста денеска на социјалните мрежи пак се повтори трагично соопштение за труење на кучиња во Малешевијата.

Сега таргет беа кучиња во Берово.

Од страна на Здружение за заштита на животните ПРО АНИМА Берово повторно беше упатена информација во јавноста за труење на куче кое во претходните напади со отров и останати опасности едвај преживеало за сега да биде отруено.

Денеска повторно труење во Берово! Родено на улица.Мајката ја најдовме мртва! 2 од братчињата беа згазени.Му најдовме домче! И не,немаше среќа! Наиде на отровот!

Пред еден месец истото се случи со Деа! Отровот фрлен во двор каде си играа заедно со едногодишно дете!

Претходно,масовно труење во Пехчево каде сеуште живи кучиња беа закопувани со багери!

Во меѓувреме:

Кучиња се носат во Арачиново на депонија. Нема храна, нема вода, среде ѓубре! Оставени да се разболат,живи да се распаднат!

Мајка на две кученца во Струмичко запалена жива!

На куче во Велес му се сечени ушите-на живо!

Кучињата по улици…Гладни,клоцани,малтретирани.

Отрови во секој град!Секој ден!

Вардариште – логор! Влага, болести, смрт!

Медиумите организираат хајка.Секојдневно наслови кои предизвикуваат омраза спрема уличните животни!

Институциите како да не постојат…
Ништо од нивна страна,ни едно дејство,ни еден чекор…Апсолутно ништо. Дури и да постои желба кај одредени поединци, системот ги спречува!

Заштитниците и љубители на животни, но и сите луѓе со малку човечност, елементарно чувство и емпатија доведени до работ. Секојдневните слики и вести кои стигнуваат до нас веќе неизджливи!

МАКЕДОНИЈА,2019 година.

И секој нека се запраша дали е ова сликата на мојата земја?

Ако односот спрема животните е огледало на едно општество, тогаш да признаеме дека нашето општество одамна го проби дното!

-соопштуваат од здружението за заштита од Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот