БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Жбогар на средба со Мицкоски се запозна со амандманите по Предлог Законот за јавно обвинителство кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе за разгледување

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска 27.03.2019 година остварија средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел Жбогар.

Мицкоски со Жбогар говореше за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, реформите кои се поврзани со обвинителството и потребата за фер услови за демократски избори. Беше искажана загриженост за политизираноста на правосудниот систем, кој како што беше нотирано служи за политички прогон на неистомислениците на власта. 

Мицкоски го запозна г. Жбогар со принципите кои ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи во амандманите на Предлог Законот за јавно обвинителство, а кои се базираат на меѓународните стандарди, кои ги гарантираат основните човекови права, кои се морална обврска за државата во патот кон ЕУ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Беше укажано и на крајната политизација на општеството и поделбата која ја прави власта.  Воедно беа нотирани и однесувања на власта со кои се нарушува демократскиот амбиент за фер избори, дека е присутна нервоза во власта и дека тоа нема да ги поколеба граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace