Фејсбук страната “Кочани-мој град” објави фотографии на кои се прикажани повеќе вработени во ООУ “Малина Поп Иванова” како со лименки пиво, со торта, со еклери прославуваат роденден.

Во продолжение го пренесуваме коментарот на страната:
Шо биде оваа работа?? Школо ли е биртија ли е?
Во ООУ “Малина Поп Иванова” учителките и училишниот психолог си го слават роденденот на директорот Стрелката, во наставничката канцеларија и тоа со сите нишани-торта, еклери, грицки, капи-мапи и најнормално пакет лименчички!
Кадровите решенија на градоначалникот на Кочани Николчо Илијев-Коле! Срамота!
Р’мбајте вие има кој да пие!👏👏 Иди ↗️ голем да пораснеш!
Колку и да е комичен овој коментар, ваквата состојба е крајно загрижувачка во однос на дејноста која ја врши оваа општинска институција и пораките кои ги упатуваа во јавноста вработените во истата.
Секако апелираме за одговорност кај одговорните за ваквото несоодветно однесување.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање
Двајца вработени во Центар за јавно здравје- Виница добија кривична пријава
Жител на Пробиштип доби кривична за насилство и напад на службено лице