Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов преку социјалните мрежи афирмираше уште еден проект кој што се наоѓа во неговата предизборна програма со која ја бара довербата на граѓаните на оваа општина.
“Пензионерите претставуваат околу една четвртина од населението во нашата општина. Тоа не е само бројка – тоа се нашите родители, нашите баби и дедовци
. Нивната мудрост и животно искуство се темел на нашето општество. Како иден градоначалник, уште во првата година од мандатот ќе започнеме со уредување на катчиња за пензионери во секое поголемо населено место
Овие простори ќе бидат топли и пријателски, со удобен мебел, маси за игри и разговор, мини библиотека, телевизори чајна кујна– место за дружба, култура, едукација и секојдневно уживање. Овие катчиња ќе бидат симбол на нашата грижа и почиткон повозрасните граѓани. Зашто тие се нашата сила, нашето минато и нашата иднина.
Нашата должност е да се грижиме за нив, затоа што тие цел живот за нас.”
-напиша на социјалните мрежи кандидатот за градоначалник на Чешиново-Облешево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јорданчо Костадинов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга